• Услови за користење
  • Импресум

ДЕНЕШЕН ДЕН 15 ОКТОМВРИ …

70 п.н.е.- Роден е римскиот писател Публиус Вергилиус Маро, творец на совршени дела – песни во кои го величел римското минато. Дела: „Енеида“, „Пастирски песни“, „Песни за земјоделците“.

1529.- Турскиот султан Сулејман II се откажа од опсадата на Виена.

1542.- Роден е царот Абу ул Фат Џелалудин Акбар, еден од најголемите владетели на Индија, кој ги покори побунетите држави Гуџарат и Кашмир, а го освои и Авганистан. Беше голем реформатор кој настојуваше да ги обедини поданиците на различните вери и раси и го укина ропството.

1582.- Во Шпанија, Португалија и во папските држави во Италија почна примената на календарот на папата Григур XIII. Според советот на астрономите, папата го реформира Јулијанскиот календар, заснован на Сончевата година од 365 дена и шест часа, во кој годината е подолга од Сончевата за 11 минути и 14 секунди и секоја 128 година се појавува еден ден „повеќе“. Таа разлика се отстрани така што после четврток 4 октомври 1582 година наредниот ден петокот се сметашe како 15 октомври. Годината според Грегоријанскиот календар сепак е подолга од природната за 12 секунди, но разликата од цел ден ќе биде постигната дури после 3320 година.

1608.- Роден е италијанскиот физичар и математичар Еванѓелиста Торичели, пронаоѓач на живиниот барометар, таканаречената Торичелиева цеква. Кога Галилео Галилеј ослепе Торичели му стана секретар, а по смрта на Галилеј ја наследи неговата катедра.

1805.- Роден е Вилхелм Каулбох, германски сликар. Умре на 7 април 1874 година.

1814.- Роден е рускиот писател Михаил Јурјевич Љерментов, чии песни кои ги напишал уште како дете, станаа антологиски. Загина во двобој во 1841 година. Дела: роман „Јунак на нешето време“, драмата „Максарада“, поемата „Демон“, песните „Облаци, „Мисла“, „Пророк“, „Татковина“, „Бородино“.

1815.- Четири месеци по поразот на неговата армија во битката кај Ватерло, францускиот цар Наполен I стаса на островот Света Елена во Атлантскиот океан, на кој во 1821 година умре.

1817.- Во Швајцарија умре полскиот национален јунак Тадеуш Анзеј Бонавентура Кочушко, учесник во американската војна за независност и аѓутант на Џорџ Вашингтон, подоцна првиот претседател на САД. По враќањето во Полска покрена востание против Русија, но неговата војска беше поразена во октомври 1794 година, при што беше ранет и заробен. Во 1796 година беше пуштен на слобода под услов да се откаже од акциите против Русија.

1844.- Роден е германскиот филозоф од полско потекло Фридрих Вилхелм Ниче. Дела: „Волја за моќ“, „Од онаа страна на доброто и злото“, „Генеалогија на моралот“, „Радосна наука“.

1851.- Во околината на Мелбурн, Австралија, е пронајдено богато наоѓалиште на злато. Покрај индустрискиот развој, ова беше причина голем број Европјани да се населат во Австралија.

1854.- Во Даблин е роден Оскар Вајлд, англиски писател од ирско потекло. Негови најпознати дела се комедиите: “Ладалото на Леди Виндермаер”, “Важно е да се викаш Ернест”, “Идеален маж” и други. Умре во Париз, на 30 ноември 1900 година.

1855.- Роден е Иван Владимирович Мичурин, советски биолог, генетичар. Се занимаваше со подобрување на сортите на овошките во централна и во северна Русија, како и со создавање на нови сорти. Работеше врз крстосување меѓу видовите и родовите, притоа користејќи ја и вегетативната хибридизација (калемењето), добиваше семе и со вештачко запрашување, при што забележа дека тоа семе е и поотпорно. Умре на 7 јуни 1935 година.

1895.- Во Париз под обвинение за велепредавство во корист на Германија, е уапсен францускиот офицер Алфред Драјфус (1859-1935), по потекло Евреин, со што почна бурната афера („Драјфусова афера“) која со години го потресуваше општествениот и политичкиот живот на Франција. Драјфус без вистински докази беше осуден на доживотна робија, но по големото негодување на јавноста и ангажираното настапување на писателот Емил Зола беше откриен вистинскиот виновник, а Драјфус е ослободен и рехабилитиран во 1906 година.

1917.- Познатата германска шпионка за време на Првата светска војна, по потекло Холанѓанка, Мата Хари со вистинско име Гертруд Маргарет Зеле е погубена во Париз. Таа беше позната танчерка која на сцените предизвикуваше одушевување. Како артистка контактирала со многу истакнати личности и дознавала тајни што им ги пренесувала на германските агенти. Родена е во 1876 година.

1928.- Германскиот „Граф Цепелин“ го изведе првиот комерцијален лет преку Атлантикот.

1945.- Пјер Лавал е убиен врз основа на судска пресуда заради предавство на својата земја на Германија.

1946.- Германскиот воен злосторник Херман Геринг изврши самоубиство во затворска келија еден ден пред да биде погубен врз основа на пресудата од Меѓународниот суд за воени злосторства во Нирнберг.

1949.- Во Унгарија по монтирани сталинистички судски процеси како „титоисти“ погубени се Ласло Рајк, Тибор Сони и Андраш Салаи.

1964.- Советскиот лидер Никита Хрушчов беше тргнат, а следниот ден беше објавено дека самиот изразил желба да се повлече наводно заради годините и слабата здравствена состојба. Прв секретар на Комунистичката партија стана Леонид Брежњев, а премиер Алексеј Косигин.

1964.- Умре Кол Портер, американски композитор на музички комедии. Најпознато дело му е „Бакни ме Кети“. Роден е во 1893 година.

1984.- Во Торонто, Канада, излезе првиот број на весникот на Македонците во Канада “Македонија”.

1986.- Во Скопје, во адаптирани простории на Старата железничка станица, е даден во употреба Салонот на весникот „Остен“, во којшто е отворна Осумнаесеттата изложба на Светската галерија на карикатури на тема „Се е кабаре“.

1987.- Во државен удар е убиен претседателот на Буркин Фасо капетан Томас Санкара, а шеф на државата стана капетанот Блез Компаоре.

1989.- Во Париз умре Данило Киш, еден од најголемите југословенски писатели со светско реноме. Роден е во Суботица, на 22 февруари 1935 година.

1990.- Советскиот претседател Михаил Горбачов ја доби Нобеловата награда за мир, со образложение дека го задолжил светот со политиката на мир, но многумина во неговата земја подоцна ја доживеаја како награда за разбивање на СССР.

1992.- Во Скопје е регистрирана Демократската партија на Турците на Македонија, со седиште во Скопје, а за претседател е избран Ердоган Сарач.

1993.- Јужноафриканскиот претседател Фредерик Вилем де Клерк и водачот на Африканскиот национален конгрес Нелсон Мандела ја добија Нобеловата награда за мир како признание за ставање крај на режимот на апархејдот и создавање основа за развој на демократијата во Јужна Африка.

1993.- Во Париз, Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ) е примен за полноправен член на Светската автомобилска федерација (ФИА).

1995.- По 20 месеци грчко ембарго, отворена е македонско-грчката граница.

1997.- Бунтовниците во Република Конго по четиримесечната граѓанска војна го тргнаа од власт претседателот Паскал Лисиба, а на власт го вратија бившиот претседател Денис Сасу Нгуесо.

1997.- Во Скопје умре Владо Чучков, еден од најпознатите пера на македонската музичка критика. Роден е во 1929 година.

2000.- Во Струмица умре Доне Чапарев, македонски писател. Автор е на книгата поезија „Живи сенки“, „Вечерни патувања“ и други, на драмските дела „Благој Мучето“ и „Пајтон полн оружје“ и на други дела. Роден е во Струмица, на 4 јуни 1949 година.

2003.- Кина успешно го лансира првиот вселенски брод со екипаж со што стана трета земја која во вселената испрати човек, 42 години по историскиот лет на Јуриј Гагарин. Во орбитата околу Земјата, од космодромот Џингуан кој се наоѓа во пустината Гоби, лансиран е бродот „Шенџоу – 5“ со астронаутот Јанг Левиј.

2012.- На 89-годишна возраст умре поранешниот крал на Камбоџа Нородом Сиханук кој никогаш не престана да работи за зачувување на единството на Камбоџа, која мина низ граѓанска војна. Во текот на својот живот, поранешниот крал беше двапати протеруван и двапати се враќање на тронот на Камбоџа. Нородом Сиханук на престолот дојде на 18 години во 1941 година, а изненадно абдицира во 2004 година. Кралот зад себе има шест брака и 14 деца. Сиханук има вршено неколку различни политички функции, вклучително два кралски мандати, два мандати како принц, еден како претседател, два како премиер, еден како неименуван лидер на Камбоџа и неколку позиции во властите во егзил. Последните години од својот живот ги мина во борба со тумор и дијабетис, најчесто лекувајќи се во Кина, каде и почина.

2012.- Американските економисти Елвин Рот и Лојд Шепли се добитници на Нобеловата награда за економија, за истражувањето за тоа како да се усогласат различните економски агенси, како на пример, учениците со училиштата или донаторите на органи со пациентите. Шведската Кралска академија за науки, која и ја додели наградата, соопшти дека таа годинава е изразена во парична вредност од осум милиони шведски круни (1,2 милиони долари) и претставува признание за „теоријата на стабилни распределби и праксата на трговски дизајн“.

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


Related Articles

Временска прогноза