• Услови за користење

ДЕНЕШЕН ДЕН 21 ОКТОМВРИ …

1422.- Умре францускиот крал Шарл VI, кој на престолот беше 42 години. Во почетокот на владеењето бил наречен „Саканиот Шарл“, но од 1932 година поради неколкуте напади на лудило го добил прекарот „Лудиот Шарл“.  Ја предизвикал граѓанската војна во француските покраини Армањак и Бургундија, а во текот на неговото владеење Англичаните во Стогодишната војна, предводени од кралот Хенри I, во 1415 година им нанеле голем пораз на француските трупи во битката кај Азенкур.

1556.- Во Венеција умре Пиетро Аретино, италијански комедиограф, поет, сатиричар и мамфлетист. Познати се неговите комедии „Дворски работи“ и „Дворски маршал“. Роден е во Арецо, во 1492 година.

1760.- Роден е јапонскиот сликар Кацушика Хокусај, главен претставник на релаизмот во јапонското сликарство. Сликал сцени од секојдневниот живот и предели, вклучувајќи го и познатиот циклус „Триесет погледи на Фуџијама“.

1772.- Роден е англискиот писател и мислител Семјуел Тејлор Колриџ, еден од најзначајните англиски книжевни критичари и роматничарски писатели. Под влијание на германската идеалистичка филозофија, застапувал спиритуално и религиозно толкување на животот, наспроти англиската емпиристичка филозофија. Дела: „Кристобела“, „Лирски балади“, „Предавања“.

1790.- Роден е францускиот писател и политичар Алфонс де Ламартин, чија поезија е обоена со песимистичко и религиозно расположение. Во политиката, застапувајќи слободарски идеи, бил активен од 1834 година до државниот удар на Наполеон III во 1851 година. Бил член на привремената влада и министер за надворешни работи на Франција. Притиснат од политичкиот живот по државниот удар, се повлекол од јавниот живот и се посветил на пишувањето песни. Со голема слава се стекна со неговата прва збирка на песни „Песнички медитации“. Останати дела: „Песничка и религиозна хармонија“, „Жослен“, „Падот на еден ангел“, „Патот кон исток“.

1805.- Британската флота на адмиралот Хорејс Нелсон на излезот од шпанското пристаниште Кадис кај Трафалгар, во битката на тогаш најсилната поморска армада, ја победи француско-шпанската флота со која командуваше францускиот адмирал Пјер Силвестер де Вилнев. Во битката Французите изгубија 20 бродови, а Англичаните ниту еден. Победата на Анлија и овозможи превласт врз морињата за целиот нареден век, но Нелсон беше смртно ранет и истиот ден умре.

1833.- Во Стокхолм е роден Алфред Нобел, шведски хемичар, пронаоѓач и индустријалец. Во 1867 година го пронајде динамитот, а во 1886 година балиститот, еден од првите бездимни барути. Патентира повеќе од 300 пронајдоци. Од производството на динамитот се збогати, па со тестамент остави фонд од 9,2 милиони долари за доделување на Нобеловата награда за вонредни достигнувања на подрачјето на физиката, хемијата, медицината, литературата, за залагањето за мир и за економија. Умре во Сан Ремо, во Италија, на 10 декември 1896 година.

1912.- Во Унгарија е роден Џорџ Шолти, американски диригент, од унгарско потекло. Се смета за еден од најголемите диригенти во светот во 20. век. Умре на 5 септември 1997 година.

1917.- Роден е американскиот трубач, пејач, композитор, аранжер и шеф на оркестарот на Џон Брикс „Дизи“ Гилеспи , еден од најдобрите трубачи и импровизатори во историјата на џезот. Одигра пресудна улога во создавањето на таканречената би-бап музика.

1938.- Јапонските окупациони трупи по неколку месеци бомбардирање го зазедоа кинескиот град Кантон.

1941.- Поради загубите што ги претрпеа фашистичките единици во судирите со партизаните, Германците, како акт на одмазда, извршија масовно злосторство во Крагуевац, во Србија – од 21 до 23 октомври стрелаа околу 7.000 граѓани, меѓу кои имаше многу ученици и деца.

1943.- Во селото Издеглавје, Охридско, е одржан Првиот свештенички собир на слободната територија на Дебарца. Триесетте народни свештеници, изразувајќи ги стремежите и определбите на православното свештенство и на верниците од цела Македонија, донесе мошне значајни одлуки. Свештениците и македонските христијани беа повикани да се вклучат во народноослободителното движење и со сите сили и средства да ја помагаат народната војска. Според одлуките на собирот, откажана е секаква јурисдикција на туѓите цркви врз Црквата на Македонија, а во црковната администрација е воведен македонскиот јазик. Притоа свештениците се ставија на располагање на народната власт. Потоа е формирана првата организирана црковна власт, формирано е архиерејско намесништво, а за прв намесник е поставен заслужниот деец и учесник во НОВ, прота ставрофор Антим Поповски. По повод одржувањето на Првиот свештенички собир, во Издеглавје, на 20 октомври 1983 година е отркиена спомен-плоча.

1944.- Американските трупи го зазедоа Ахен, прв поголем германски град кој во Втората светска војна падна во рацете на сојузниците.

1949.- Роден е израелскиот политичар Бењамин Нетањаху, прв премиер на Израел избран на општи избори. На изборите во 1996 година како кандидат на десничарксата Ликуда го победи дотогашниот шеф на владата, лабуристот Шимон Перез. Три години подоцна беше поразен од Перезовиот наследник Ехуд Барак.

1990.- Во Струга е поставен камен-темелник на новиот црковен храм „Света Петка“.

1990.- Во селото Опае, Кумановско, е осветена црквата „Свети Ѓорѓи“.

1996.- Брдо од јаглена прашина близу рудникот во селото Аберфан во Велс се сруши врз школо при што усмрти 116 ученици и 28 возрасни лица.

1969.- Умре американскиот писател Жан Луј Керуак, познат како Џек Керуак, најпознат романсиер во британското движење на американските книжевници во педесеттите години од 20. век. Најчести теми во неговите романи се сексот, дрогата, мистицизмот, брзината… Дела: „На патот“, „Доктор Сакс“, „Маги Касиди“, „Ангелите пустошат“, „Сатира во Париз“, „Мексико Сити блуз“, „Химна – Господе моли се за мене“, „Расфрлени песни“, „Осамениот песник“, „Светите книги на златната вечност“.

1969.- Вили Брант ја формираше коалиционата влада на социјалдемократите и либералите и стана прв социјалдемократски канцелар на Западна Германија. Водеше политика на попустливост во светот, посебно во односите со источноевропските држави, а неговата „источна политика“ придонесе за стабилизација во Европа.

1984.- Во Париз умре Франсоа Трифо, еден од најпознатите француски филмски режисери со светска слава. Тој се истакна како извонреден филмски продуцент, критичар, актер и сценарист.

1984.- Во Париз умре Пјер Каст, еден од основачите на францускиот нов бран во филмот, режисер и писател. Роден е во Париз, на 22 декември 1920 година.

1990.- Водачот на либанската Национална либерална партија Дени Шамун, еден од лидерите на христијанската заедница во Либан, во Бејрут заедно со повеќе членови од неговата фамилија, убија ислмаски терористи.

1994.- САД и Северна Кореја потпишаа договор според кој Пјонгјанг ќе ја замрзне а потоа напушти нуклерната програма.

1995.- По одземањето на парламентарниот имунитет, генералниот секретар на НАТО, Вили Клас поднесе оставка.

1995.- Во Дејтон, САД, е потпишан мировен договор за Босна и Херцеговина.

1997.- Мило Ѓукановиќ е избран за претседател на Црна Гора.

1999.- Повеќе од 110 луѓе загинаа во ракетниот напад на чеченските исламски терористи на пазар во Грозни, главниот град на руската република Чеченија.

2000.- Умре Александар Ацо Ивановски – Ревија, еден од најпознатите македонски фотографи. Роден е во Тетово, на 14 март 1921 година.

2002.- Најмалку 14 луѓе загинаа во експлозија на автомобил-бомба во Израел која ја активираа палестински исламски терористи.

2002.- Врховниот суд на САД го отфрли барањето за испитување на уставноста за погубување на луѓето кои имаат помалку од 18 години во моментот на извршувањето на кривичните дела за што им е изречена смртна казна.

2007.- Најмалку 17 турски војници и 32 курдски бунтовници загинаа во судир во близина на турско-ирачката граница.

2015.- На 78-годишна возраст во Скопје почина проф. Елка Димитриева, научен советник во пензија на Економскиот институт во Скопје. Елка Димитриева припаѓаше на доајените истражувачи на демографската област во Република Македонија и пошироко. Автор е на бројни научни трудови, стратешки документи и други проекти со кои даде значаен придонес за демографската научна мисла.

 

 




 





 



 



 





 

 

 

Related Articles

Временска прогноза