• Услови за користење

ДЕНЕШЕН ДЕН 22 НОЕМВРИ …

1497.- Португалецот Васко де Гама стана првиот морепловец кој исплови до `Ртот Добра Надеж на крајниот југ од Африка, барајќи морски пат до Индија.

1699.- Данска, Русија, Прусија и Полска по победата над шведската војска потпишаа договор за поделба на тогашниот шведски имот.

1819.- Родена е Мари ан Еванс, позната под псевдонимот Џорџ Елиот, англиска писателка. Автор е на многу познати романи за англиското село, меѓу кои се и “Воденицата на Флоси”, “Сајлас Марнер”, “Адамс Бид”, “Ромола” и други. Умре на 22 декември 1880 година.

1830.- Белгиското собрание (конгрес) ја изгласа одлуката за воспоставување монархија.

1869.- Во Париз е роден Андре Жид, француски романописец, есеист и критичар. Познат е како највлијателна и најконтраверзна личност на француската литература во 20 век. Меѓу неговите познати дела спаѓаат “Ковачи на лажни пари”, “Визбите на Ватикан”, “Пасторална симфонија”, “Пат за Конго” и други. Добитник е на Нобеловата награда за литература во 1947 година. Умре во Париз, на 19 декември 1951 година.

1877.- Роден е Ади Андре, најпознат унгарски лиричар од Петефи, кој го подигна на повисок степен унгарскиот поетски јазик. Дела: „Нови песни“, „Крв и злато“, „Би сакал да ме сакаат“, „Кој ме виде мене“, „На чело на мртвите“. Умре во 1913 година.

1890.- Во Лил е роден Шарл де Гол, француски генерал и државник, претседател на Петтата француска република од 1959 година, голем светски политичар и борец против фашизмот. Како претседател го призна правото на алжирскиот народ на самоопределување и овозможи со спогодбата во Евијан (во 1962 г.), да заврши седумгодишната војна. Истовремено со стабилизацијата на економската политика во земјата ја поведе Франција по патот на самостојана надворешна политика и ги повлече француските сили од Атлантскиот пакт. Умре во местото Коломбеј, на 9 ноември 1970 година.

1900.- Умре Артур Саливен, познат британски композитор и диригент. Тој е автор на англиската опера. Роден е на 13 мај 1840 година.

1906.- Со меѓународна конвенција донесена во Берлин, знакот С.О.С. е усвоен како меѓународен знак за бродовите во опасност.

1913.- Роден е англискиот композитор Едвард Бенџамин Бритн. Беше брилјантен техничар, создаваќи дела под влијание на различни музички традиции. Дела: опера „Питер Грајмс“, „Алберт Херинг“, композиции за оркестар „Едноставна симфонија“, „Пролетна симфонија“, Варијации на тема Бранк Брид“, циклуси соло песни.

1916.- Умре американскиот книжевник Џек Лондон, еден од најчитаните автори во првата половина на 20. век. Неговите дела имаат истовремено и авантуристичка и социјална нота. Работеше како разнесувач на весници, копач на злато, воен дописник за време на Руско-јапинската војна. Тешкиот живот, напорната работа, сиромаштијата, но и наклонетоста кон алкохолот кај него предизвикаа нервно растројство и самоубиство на 40 години. Напиша околу 50 приказни и романи. Дела: „Повик на дивината“, „Железна пета“, „Мартин Идн“, „Злато“, „Крал на алкохолот“ и други.

1941.- Со отворањето на таканаречениот „пат на животот“ преку замрзнатото Ладешко Езеро, опколениот Ленинград ја доби единствената врска со татковината.

1943.- Либан се стекна со независност. До Првата светска војна Либан беше составен дел на Турција.

1954.- Умре советскиот стручњак по право и дипломат Андреј Јануарјевич Вишински, врховен обвинител за време на големите чистки кои во втората половина на триесеттите години од 20. век ги спроведе советскиот лидер Сталин. Тоа беше серија на монтирани политички судења после кои беа ликвидирани потенцијалните конкуренти на Сталин. За врховен државен обвинител беше поставен во 1935 година, за шеф на советската дипломатија во 1949, а како постојан претставник на Советскиот Сојуз во Обединетите нации остана до крајот на животот.

1963.- Во Далас, во државата Тексас, во САД, е извршен атентат врз претседателот на САД Џон Фиџерланд Кенеди. Во Втората светска војна служеше во морнарицата на Пацификот, а во 1952 година стана сенатор. За претседател на САД е избран во 1960 година, а инаугуриран на 20 јануари 1961 година во Вашингтон. Беше најмлад 35-ти претседател во историјата на САД. Роден е во Бостон, на 29 мај 1917 година.

1963.- Умре англискиот писател Олдос Хаксли. Дела: „Јалови лисја“, „После многу лета“, „Времето мора да застане“, „Малиот Мексиканец“, „Две, или три грации“, „Музика во ноќта“, „Вечна филозофија“, „Наука, слобода и мир“.

1967.- Советот за безбедност на ОН усвои резолуција со која се поставени рамките за мировното решение на блискоисточната криза.

1972.- Претседателот на САД Ричард Никсон ја укина 22 години старата забрана за патување на американските бродови и авиони во Кина.

1974.- Генералното собрание на Обединетите нации изгласа статус набљудувач на Палестинската ослободителна организација.

1975.-  На чело на Шпанија дојде кралот Хуан Карлос I (de Burbon-Parma) два дена по смртта на Франциско Франко. Хуан Карлос стана прв шпански монарх по Алфонсо XIII, кој во 1931 година избега од државата. За време на Франко Шпанија официјално беше монархија.

1977.- Суперсоничниот патнички авион „Конкорд“ почна редовно да сообраќа меѓу Европа и Америка.

1980.- Умре американската филмска актерка Ме Вест, која се покажа како исклучителен комичар, но повеќето филмски критичари ја сметаа за вулгарен секс-симбол. Поради улога во претставата „Секс“ во 1926 година во еден бродвејски театар, беше осудена на осум дена затвор. Филмови: „Секс“, „Дијамантската Лили“, „Не сум анѓел“, „Секој ден е празник“, „Оди на запад, млад човеку“.

1989.- Претседателот на Либан Рене Муавад е убиен во бомбашки напад, во кој загинаа уште 16 луѓе.

1990.- Првата жена премиер во историјата на Велика Британија Маргарет Тачар после 11,5 години премиерска функција поднесе оставка.

1991.- Египетскиот политичар, Бутрос Бутрос Гали, е избран за генерален секретар на Обединетите нации, а со тоа стана и прв Африканец и Арап избран на високата должност.

1994.- Во Скопје е формирано Друштвото за македонско-украинско пријателство и соработка.

1998.- Водечкиот ирански опозиционер Даријус Форухар, отворен критичар на исламската власт, и неговата сопруга, пронајдени се избодени до смрт во својот стан во Техеран.

2000.- Умре чешкиот спортист Емил Затопек, единствен атлетичар кој освои три златни медали во трки на долги патеки на едни Олимписки игри. Првото олимписко злато го освои во Лондон во 1948 година, а три златни медали во Хелсинки во 1952 година, на трките на пет и 10 илјади метри и во маратон.

2004.- Во Беверли Хилс умре Тери Мелчер, америкнаски музички продуцент. Роден е во 1942 година.

2005.- Претседателот на Демохристијанската партија (CDU) Ангела Меркел е избрана за канцелар на Германија. Таа е првата жена канцелар во историјата на Германија.

2007.- Умре Морис Бежар, значаен француски кореограф. Роден е во Марсел, како син на филозофот Гастон Берже. Кариерата балетски играч ја започна со 14 години во париската „Опера“. Својот прв балет го постави во 1951 година во Стокхолм, а во 1961 година во Белгија ја креираше кореографијата за „Болеро“ на Морис Равел, која стана една од најпрочуените балетски креации на 20. век. Автор е на повеќе од 250 балетски претстави. Бежар даде значителен придонес за развој на современиот балет и е еден од симболите на современата кореографија. Меѓу неговите најпрочуени кореографии се и „Будење на пролетта“, „Ромео и Јулија“, „Нижински, „Петрушка“.

 

 

 


 



 


 


 

 


 



 

Related Articles

Временска прогноза