• Услови за користење

ДЕНОТ КОГА Е РОДЕНА ЈУГОСЛАВИЈА -76 години подоцна !

Некогашниот најголем државен празник во поранешна Југославија, 29 ноември – Денот на Републиката, денес го одбележуваат само поединци.

На овој ден пред 76 години е одржано Второто заседание на АВНОЈ во Јајце, на кое е донесена одлука за федерално уредување на идната социјалистичка Југославија, под водство на само една партија – Комунистичката партија на Југославија.

Тогаш е одлучено и да се формира Национален комитет за ослободување на Југославија (НКОЈ), кој претставувал еден вид на влада, а одземени се законските права на југословенската влада во егзил и забрането е враќање во земјата на кралот Петар Втори Караѓорѓевиќ до завршување на војната.

АВНОЈ го воведе називот „маршал на Југославија“, кој му е доделен на партизанскиот врховен командант Јосип Броз Тито. Функцијата претседател на „првата влада“ на нова Југославија му е доверена на Тито.

Две години подоцна, на 29 ноември 1945 година дотогашната Демократска Федеративна Југославија е преименувана во Федеративна Народна Република Југославија, со што монархијата била официјално соборена. На 31 јануари 1946 година е прогласен првиот Устав на ФНРЈ.

По завршување на војната, од 1945 година, 29 ноември е прославуван како Ден на Републиката и беше еден од најголемите празници во некогашна СФРЈ.

Според тогашниот Закон за државни празници, овој ден се славеше два неработни дена со свечени академии во главните градови на шесте југословенски републики, со почесни плотуни, а децата кои тргнуваа во прво одделение стануваа Титови пионери, давајќи заклетва со црвена марама околу вратот и сина капа со петокрака на главата. Во 1964 година воведена е и наградата АВНОЈ.

 


 

РАСПАЃАЊЕТО НА ЈУГОСЛАВИЈА

До денес за причините за распаѓањето на СФРЈугославија не постои цврст
консензус, како ни за датумот кога тој процес започнал, а кога завршил. Но според
хронологијата може да се претпостави дека во формална смисла распаѓањето на
Југославија започнало на 25 јуни 1991 година кога двете дотогашни републики Словенија
и Хрватска, еднострано, прогласија независност, а завршува со 27 април 1992 година кога
Србија и Црна Гора прогласија држава под името Сојузна Република Југославија.
Но еден дел од научните работници сметаат дека процесот на распаѓање на
СФРЈугославија всушност започнува уште со донесувањето на Уставот од 1974 година кој
од југословенската федерација направил конфедерација т. е. Републиките добија поголема
независност во однос на федерацијата.

Други пак сметаат дека почетокот на распаѓањето на СФРЈугославија започнува од
1989 година кога со промената на Уставот на Србија, и беше намалена автономијата на
покраините Косово и Војводина, што од своја страна довела до уставни кризи на
федерално ниво, разрешени дури со отцепување на Словенија и Хрватска.
Имајќи го предвид фактот што распаѓањето на СФРЈугославија коинцидирало со
избувнување на војните во СФРЈугославија, односно војните во Хрватска и БиХ, а
нивниот исход не бил формализиран сè до Дејтонскиот мировен договор, дел од научните
работници сметаат дека распаѓањето на СФРЈ завршило дури во 1995 година. Распадот на
СФРЈ, според некои трае се до распаѓањето на Државната заедница Србија и Црна Гора,
односно до создавањето нзависни држави Србија и Црна Гора во 2006 година, како и
преку едностраното отцепување на Косово во 2008 година.

После смртта на Јосип Броз Тито, се случиле неколку настани кои посредно или
непосредно имаат свое влијание врз распаѓањето на СФРЈугославија:
– Барањето статус на Република на Косовските Албанци;
-Убиство на војник од ЈНА во Парачин на 11 септември 1987 година извршено од
Албанец што во основа преставуваше сигнал за српските медиуми да започнат
кампања против Албанците;
-Српскиот државен врв во текот на 1989 и 1990 година изврши промени на власта во
Црна Гора, Војводина и на Косово, и на тој начин доби контрола на половина од
територијата на поранешна СФРЈ, што значеше контрола на 4 од 8 гласови во
претседателството на Југославија;
– Судирот на XIV вонредниот конгрес на Сојузот на комунистите на Југославија, во
Белград, од 20 до 22 јануари 1990 година кога по вербалниот судир меѓу
словенечката и српската делегација, словенечката делегација ја напуштила
работата на конгресот. А потоа и делгациите на Македонија, Хрватска и Босна и
Херцеговина, исто така ја напуштиле работата на конгресот.
– Во 1991 година, прво Словенија, па Хрватска, потоа следени од Македонија и БиХ,
прогласиле независност. Официјално, со признавањето на Словенија и Хрватска
од страна на Европската Унија (тогашна Европска Заедница), на почетокот на 1992
заврши, СФРЈ замина во историјата. Меѓутоа, распадот, за жал беше само увертира
во она што ќе прерасне во најтрагичниот конфликт по Втората светска војна на
европско тло.

Словенија
Словенија беше првата република која што побарал независност од СФРЈ.
Тогашната Југословенска Народна Армија (ЈНА), доби наредба со сите расположливи
сили да ја брани целовитоста на СФРЈ. Но по десетдневни борби со територијалната
одбрана на Словенија и почетокот на конфликтот во Хрватска и наговестувањата за
можност од таков во БиХ, ја принуди ЈНА да се повлече.

Хрватска
Воениот конфликт во Хрватска започнува при крајот на 1990 година, а завршува во
ноември 1995 година.
Во почетокот судирите се резултат на прогласената хрватската независност и и тие
се воглавно со хрватската полиција. Имајќи предвид дека ЈНА беше под потполно
влијание на Србија, таа директно ги помагаше српските сили во Хрватска.
Од своја страна хрватската јавност војната ја нарече “Татковинска војна“, а
српската “Војната во Краина“. На почетокот, српските сили постигнуваат значајни победи
и успеваат да воспостават нови граници на територијата на Хрватска, таму каде што
српското население беше мнозинство, но и таму каде биле малцинство. Српските сили,
еднострано ја прогласуваат “Република Српска Краина“. Пресвртот во корист на Хрватите
се случува по Драматичен пресврт се случил по офанзивата “Олуја“, кога српките сили
претрпуваат целосен пораз и српскиот народ кој живеел на оваа територија мора да ги
напушти своите домови.. Крајниот резултат бил целосна победа на Хрватска на крајот од
1995 година.

Б и Х
Конфликтт во БиХ започнува со одржаниот референдум за независност на 29-ти
февруари и 1-ви март 1992 година. На истиот учествуваат Босанските муслимани и
Хрвати, додека пак мнозинството од Босанските Срби го бојкотирале рефендумот со што
во основа започнува коннфликтот кој се именува како граѓанска војна, акт на агресија,
религиски или трагичен конфликт кој траел од 1992 до 1995, а во кој животот го загубиле
над 100.000 лица.
И овде српските сили биле поддржани од ЈНА, па до 1995 година, држеле под
контрола повеќе од 70% од територијата на БиХ. Војната завршува со Дејтонскиот
договор.

Косово
Историски конфликтот во Косово има корени кои се многу подлабоки и кои се
насочени против Југославија (без разлика Кралство или федерација). Албанските
политичари никогаш не биле задоволни со статусот на бројното албанско малцинство во
сите републики каде што го имало (Македонија, Црна Гора и Србија, посебно делот за
Косово)
Со самата смрт на Јосип Броз Тито, се отвара албанското прашање и барање на
статус “Косовска Република“. Тие барања постојано биле поддржувани со демонстрации и
судири, кои преминале во војна на крајот од минатиот век. Од почетокот на 1998 то 1999,
војната се водела помеѓу југословенските полициски сили, југословенските паравоени
формации и југословенската војска од една и албанските милитанти и терористи од
другата страна. Се смета дека како резултат на војната биле раселени околу еден милион
луѓе од Косово.
За време на конфликтот, доаѓа до напад на НАТО врз тогашната СРЈугославија,
што води кон повлекување на југословенските сили. Со резулацијата 1244 на ОН, Косово
станува меѓународен протекторат.
На 17-ти февруари 2008 година, Косово прогласува независност.

Македонија
Распадот на СФРЈ, овозможи Македонија со референдумот од 8-ми септември 1991
година да прогласи независност.
За разлика од другите републики Македонија од СФРЈ, излезе без воен конфликт. С
ЈНА ја напушти Македонија. Меѓутоа, Македонија уште на почетокот на судирите во
поранешна Југославија, даде свои жртви. Убиениот војник, Сашо Гешовски во Сплит, е
меѓу првите жртви на конфликтите. Македонија даде преку 30 жртви.
Меѓутоа распадот на СФРЈ имаше своја рефлексија на односите на Македонија со
соседите. Грција го оспоруваше знамето, името и ја обвини Македонија за можно
загрозување на Грција. Бугарија, од своја страна го оспорува постоењето на македонскиот
јазик и нација, а додека Србија ги обременуваат односите на Српската Православна Црква
кон Македонската Православна Црква.
Во внатрешните односи постои постојана тензија во односите меѓу двете најголеми
етнички заедници, македонската и албанската. Рефлексијата од настаните на Косово имаа
и свое влијание на политичките барања на Албанците во Македонија. Постојаните барања
за независност, поголеми права, федерализација, се карактеристиките на македонско-
албанските односи во државата. Војната од 2001 година, донесе уставни промени за
поголеми права на Албанците во Македонија.

Црна Гора
Во 2006 година Црна Гора прогласила независност. Со тоа процесот на распаѓање
на СФРЈ беше завршен. СФРЈугославија како држава замина во историјата.

Извор

 


 


 



 


 


 



Related Articles

Временска прогноза