Фолклорниот Ансамбл Бучим со првиот детски ансамбл беше гостин на другарчињата ученици при FEN BILIMLERI KOLEJI во градот Салихли Општина Измир.

Поводот беше националниот празник 23 април ден на децата во Турција Срдечно примени од директорот и наставниците при колеџот нашите млади играорци 5 дена поминаа во домовите на нивните другарчиња.

Покрај официјалните приеми кај началниците на повеќе водечки институции нашите млади играорци приредија дел од својата програма во повеќе основни училишта Насекаде топло примени и наградени со овации за нивниот настап и желбата да се ракуваат со децата од пријателска Македонија будеше радост кај секое дете.

На разделбата имаше и по некоја солза како доказ за пријателство кое не познава граници и политики. Посебна радост кај децата од Салихли беше нашата покана да и тие бидат гости на нашиот реномиран детски фолклорен фестивал „Оро Весело“ Радовиш 2025 год.

 

Извор: ФА Бучим

 

Погледнете повеќе

Повеќе информации