„ДИВИ“ ПОТПИША ЗА БИБЕРАХ, ГЕРМАНИЈА

Се зголеми македонската колонија во Германија: Александар Марков потпиша за Биберах

Доскорешниот лев бек на екипата на Радовиш, Александар Марков, кој поголем дел од минатата сезона пропушти поради повреда, го направи првиот интернационален трансфер и се пресели во Германија. Тој потпиша за екипата на Биберах, која настапува во пониските лиги.

„Мојата цел е да напредувам во кариерата. Среќен сум што доаѓам во Биберах и се надевам дека ќе можам да му помогнам на клубот во остварувањето на амбициите што ги има. Станува збор за одлична средина, што и мене ќе ми помогне да се развивам како играч“, вели Марков.

Со него дополнително се зголемува бројката на македонски интернационалци во Германија. Ги имаме Филип Талески и Филип Миркуловски во Бундеслигата. Во Третата лига ќе играат Филип Лазаров, Петар Ангелов и Ацо Јоновски, додека во пониските лиги играат Стевче Ангелковски, Игор Михали, Никола Мирков, Мартин Игнов, Бојан Белевски, Иван Стојчевски, Игор Тоскоски, Игор Илиевски, Васил Митевски и Рудолф Билиќ.

Извор: Gol.mk 

 

Погледнете повеќе

Повеќе информации