Филмот „Диџеј Ахмет“ на режисерот и сценарист Георги М. Унковски од денеска започнува со својата официјална кино дистрибуција во Македонија. Премиерно беше прикажан во кино „Синеплекс“ во Скопје, во Киноверзум Скопје, Штип и Велес, во 3Д кино Битола и Манаки Битола, по што ќе започне редовно прикажување во киносалите низ целата земја во рамки на мрежата Киноверзум.
Овој момент следува по успешната македонска премиера во Битола, кога филмот го затвори 46. Интернационален фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“.


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови



