• Радовиш
  • Услови за користење
  • Импресум

ПОДОБРА ЕНЕРГЕТСКАТА ЕФИКАСНОСТ И НАМАЛУВАЊЕ НА ТРОШОЦИТЕ – Потпишан договор за јавно-приватно партнерство по ЕСКО модел

Градоначалникот Герасим Конзулов и директорот на фирмата „ИНТЕРЕНЕРГО“ ДООЕЛ- Зоран Трпески потпишаа Договор за воспоставување на јавно-приватно партнерство за давање на енергетски услуги на јавно осветлување по ЕСКО модел.

Проект во вредност од 1.6 милиони евра поддржан од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) кој ќе се изведува по ЕСКО модел на јавно-приватно партнерство.

Моделот ЕСКО предвидува развој, изведба и финансирање на проектот со цел да се подобри енергетската ефикасност и намалат трошоците за електрична енергија и одржување.  

Отплатата на инвестицијата ќе се врши исклучиво преку оставрената заштеда на енергија  во следните осум години при што Општината нема да има дополнителни трошоци и оптоварување на општинскио буџет.

Предвидено е проектот да се реализира за 3 до 4 месеци при што сите стари електрични светилки на територијата на општината ќе бидат заменети со нови еколошки високо квалитенти ЛЕД светилки од англиско производство.

Информираат од општина Радовиш.

 

 

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови за користење

 

Related Articles

Временска прогноза