БЛАГОДАРНОСТ ДО КРВОДАРИТЕЛИТЕ СО 10 ДАРУВАЊА НА КРВ

Црвен крст-Општинска организација Радовиш го одбележа Денот на основањето на Црвен Крст и Денот на крводарителите.

Меѓународното движење на Црвениот крст е настанато како резултат на желбата да им се помогне и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

Црвениот крст е отворена организација и ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

Денеска Градоначалникот на општина Радовиш Герасим Конзулов заедно со Секретарот на ОО Црвен Крст – Радовиш Верица Беќарова им доделија благодарници на крводарители кои имаат 10 дарувања на крв. Доброволното дарување на крв претставува израз на високи етички, хумани и морални вредности, да се дарува крв и да се спаси нечиј живот и висок чин на хуманост и благодарност.

Благодарение на изразената свест кај илјадници наши сограгани, спасени се многу човечки животи. Изјави Секретарот на Црвен крст на општинска организација Радовиш.

 

ФОТО ГАЛЕРИЈА

 



 

 




 




Погледнете повеќе

Повеќе информации