ДОНАЦИЈА ЗА ДНЕВНИОТ ЦЕНТАР -ПОРАКА

Во рамките на проектот за социјална инклузија на лицата со посебни потреби во Југоисточниот плански регион финансиран од Министерството за локална самоуправа и Швајцарската Агенција за развој и соработка, штитенците на Дневниот центар-Порака добија спортска опрема и опрема за професионална ориентација.
Дел од опремата вклучува и сито печатар преку кои штитениците ќе можат на хартија или ткаенина да печатат одредени мотиви како и грничарско колце за изработка на глинени сувенири.
Проектите од ваков вид се од посебно значење за нашата локална заедница и лицата со посебни потреби зато што овозможуваат нивна инклузивност во работната и социјалната средина.
Сакам да упатам благодарност до Министерството за локална самоуправа, Швајцарската Агенција за развој и соработка и Југоисточниот плански регион со надеж дека во иднина ќе реализираме и други значајни проекти – истакна Градоначалникот Конзулов.

 

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови

 

 

 

 

 

Погледнете повеќе

Повеќе информации