Центарот за југоисточен плански регион во рамките на проектот ,,Прекугранична соработка во справување со шумски пожари” финансиран од Европската Унија преку Интеррег –ИПА Програмата за прекугранична соработка меѓу Бугарија и Македонија и во склоп на престојниот Ден на пожарникарството-20 мај, додели комплет одела за лична заштита при справување со шумски пожари на пожарникарите од ТППЕ Радовиш.
Личната заштитна опрема е согласно Правилникот за видот и изгледот на униформата,видот на заштитна опрема и начинот и проверка и испитување на нејзина исправност.Останатиот дел од опремата дополнително ќе биде доставена.
Проектот е со времетраење од 24 месеци во која се вклучени обука на пожарникари од специјални обучувачи и добивање сертификат,потпишување Меморандум за соработка и размена на искуства со доброволните пожарникарски друштва од Асоцијацијата на југозападни општини на Република Бугарија.
Целта на проектот е воспоставување на координација и структура за спречување на се почестата појава на шумски пожари како природна катастрофа, меѓу двете земји како дел од партнерството во проектот.
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови