Monday, December 8 2025

Достапно онлајн закажувањето за термин за нова лична карта, возачка дозвола и пасош

Министерството за дигитална трансформација информира дека електронската апликација за закажување термин за издавање лични документи повторно е достапна преку националниот портал за е-услуги uslugi.gov.mk.

Граѓаните сега можат брзо и лесно, без чекање и без гужви да закажат термин за следните услуги: издавање лична карта, издавање пасош и издавање возачка дозвола. Процедурата е едноставна и достапна од кој било електронски уред, наведува Министерството.

Оттаму додаваат дека дека со оваа иницијатива продолжува мисијата да ја дигитализира јавната администрација и да обезбеди поквалитетни, побрзи и поефикасни услуги за сите граѓани.

 

*фото Архива

Погледнете повеќе

Повеќе информации

Мицкоски со најголем рејтинг меѓу политичарите, ВМРО-ДПМНЕ со убедливо водство меѓу партиите

Лице од Радовиш извршило повеќе кражби во Велес, кај него пронајдена и пронајдени и одземени кафена прашкаста материја и зелена растителна материја

Билборд