Општина Радовиш распиша Јавен повик за користење средства за надоместување на дел од трошоците за купен велосипед
Финансиските средства предвидени во Програмата за Локален Економски Развој oд Буџетот на Општина Радовиш за 2024 година ќе се доделуваат на физички лица – жители на Општина Радовиш по поднесено барање за субвенционирање на дел од трошоците по основ на купен велосипед.
Право на користење на финансиски средства имаат физичките лица кои ќе набават-купат велосипед од минимум 26” (инчи) од денот на објавувањето на јавниот повик до денот на завршување на повикот и ќе поднесат барање за надоместување на дел од трошоците за набавка на велосипед.
На барателот/физичкото лице ќе му се надоместат дел од трошоците направени при набавката/купувањето на велосипед во висина од 50% од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 6.000,00 денари.
Јавниот повик трае 30 дена од денот на објавувањето. Јавниот повик ќе се реализира по принципот “Прв дојден, прв услужен“. Јавниот повик се преќинува доколку се утврди дека се исцрпени сите предвидени финансиски средства пред официјалниот истек на јавниот повик, при што Општина Радовиш ќе ја информира јавноста на својата веб страна и на огласната табла дека повикот се преќинува поради исцрпеност на предвидените финансиски средства и дека повеќе нема да се примаат барања за овој повик.
Повеќе на следниот линк на Општина Радовиш – ЈАВЕН ПОВИК
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови