Полициската станица Радовиш поднесе кривична пријава против Ш.A.(35), С.А.(29) и Џ.Д.(26), сите од Радовиш, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „пустошење на шума“.
На 19.12.2018 година околу 13.45 часот на место викано „Еренџе“, вработени во Јавното претпријатие „Македонски шуми” извршиле преглед на патнички возила управувани од пријавените и пронашле и одзеле буково огревно дрво без соодветна документација. Со ова пријавените предизвикале материјална штета од 221.940 денари на Буџетот на Јавното претпријатие.