• Услови за користење

ДРЕНКА – магично дрво!

Дрен или обичен дрен (науч. Cornus mas) — вид цветно растение од семејството дренови (Cornaceae), расте во јужна и југоисточна Европа (од Франција до Украина вкл. Македонија), Ерменија, Азербејџан, Грузија, Иран, Турција, Либан и Сирија.

Ова е средна до голема листопадна грмушка или мало дрво кое достигнува висина од 5–12 м и има темнокафеави гранки и зеленикави ластегарки. Листовите се спротиставени, долги 4–10, а широки 2–4 см, со јајчест до издолжен облик и истакнати жили. Цветот е мал (5–10 мм во пречник) со четири жолти ливчиња, во китки од по 10–25. Цвета уште во зимата, далеку пред појавувањето на првите листови. Плодот (дренката) е долгнавест и црвен, со должина од 2 см и пречник од 1,5 см и има една семка.

Во народната мудрост, дренот е поим за сила здравје поради неговата цврстина и издржливост, па оттука и познатата изрека „здрав како дрен“.


Содржат големо количество на природни шеќери, органски киселини, пектини, танини и извонредно многу витамин Ц. Во дренките има дупло повеќе аскорбинска киселина отколку во портокалот. Плодовите можат да се јадат и во свежа состојба, можат да се замрзнат, сушат или преработат во мармалад, компот, овошен сок.

Меѓутоа иако се знае дека ова шумското овошје е вкусно, хранливо и здраво, не се користи доволно.

Во Франција и Италија од дренките се прави вино и желе, а недозреаните плодови се конзервираат во солена вода како маслинките. Во Германија се варат со шеќер и оцет, се додаваат на јадењата од тесто и компири. Во Русија се прават вкусни супи и се користат како зачин за специјалитети од месо и риба. Овие народи се вистински почитувачи на традиционалната медицина и добро ги знаат лековитите својства на дренот.

Руските научници востановиле дека дренките, кората на стеблото и листовите поседуваат анти микробиолошко својство. Сокот, мармаладот, чајот и другите производи од зрелите дренки помагаат кај дијарејата и другите заболувања на органите за варење. Доколку при пореметувањето на работата на цревата и дијареја се јавува и грозница, се препорачува чај од кората на ова билка.


Сок од дренки     

За подготовка на овој сок потребно е 4,5 литри вода, 2  кг зрели дренки и килограм шеќер.

Дренките се мијат, сечкаат и се додаваат во три литри зовриена вода. Се варат 20 минути, потоа се тргнуваат од ринглата, се оставаат да се оладат и на крај се пасираат. Ова смеса во  преса или газа се прелива со останатата вода, се враќа на ринглата и се вари уште 15 минути.

Постапката со ладењето и пасирањето се повторува. Потоа се се меша, се додава шеќер и на ниска температура со постојано мешање, се чека шеќерот да се стопи. Дури тогаш температурата се зголемува и сокот се вари уште 10 минути. Сокот се става во измиени и жешки шишиња, кои потоа херметички се затвараат.

Кога еднаш шишето ќе се отвори, би требало да се чува во фрижидер. Поради јаката концентрација се разблажува со обична или кисела вода по вкус.

Мармалад од дренки   

Се прави секогаш во иста размера – на килограм пасирани дренки се става килограм шеќер.

Зрелите плодови прво се мијат, се чистат од семки, се прелеваат со жешка вода и се оставаат да поседат пет минути. Потоа се вадат од водата, се пасираат, се ставаат во тенџере и им се додава шеќер.

Содржината се вари три часа на умерената температура со постојано мешање. Завршено е кога смесата ќе се згусни. Жешкиот мармалад се става во чисти и топли тегли, кои отворени се ставаат во рерна која е загреана на 100 степени, и се остават 15 минути.

Откако ќе се извадат, се става целофан или херметички капак и се ставаат на суво место.


 



 







 






 

 



 




Related Articles

Временска прогноза