1-ви – 7 – ми Декември „Недела за борба против Хив-Сида“
Црвен крст на Република Македонија-Општинска организација Радовиш од 1-ви до 7-ми Декември традиционално ја одбележува Неделата за борба против Хив-Сида, за таа цел вчера, на часот по биологија во ООУ ”Крсте Петков Мисирков” Радовиш беше одржано предавање на ученици од деветто одделение од страна на обучени врснички едукатори – Илина Сандева и Илија Петров.