Вчера во Центарот за култура во Радовиш беше одржана едукација организирана од Општинската изборна комисија Радовиш, за избирачките одбори во нејзина надлежност.
На оваа едукација учествуваа членови, заменици членови на ИО, а додека претходните денови беше организирана едукација за претседатели и заменици претседатели на ИО.
На присутните им беше презентирана видео презентација за активностите пред денот на гласањето и активностите на денот на гласањето за Претседателските избори.