• Услови за користење

РАДОВИШАНИ ДРЖАВНИ ШАМПИОНИ ВО ПОВЕЌЕБОЈ

ЕКИПАТА НА УСК „НИКОЛА КАРЕВ“ СЕВКУПНЕН ПОБЕДНИК НА ДРЖАВНОТО ПРВЕНСТВО ВО ПОВЕЌЕБОЈ!

Голем успех на нашите „повеќебојци“ од државното првенство кое се одржа вчера во Охрид.

Во силна конкуренција од девет екипи: три од Скопје, Струмица, Кочани, Прилеп, Битола, Охрид нашите спортисти од училишниот спортски клуб „Никола Карев“ успеаа да се закитат со шампионскиот пехар.

Оваа екипа на државното првенство беше под водство и менторство на професорите Живко Андонов и Ристо Спасов.

Честитки за успехот, им посакуваме да продолжат и во следниот период со вакви значајни успеси преку кој покажуваат дека Радовиш е спортски град и навистина се работи со младите наши спортски надежи.

 

 






 






 

 



 




 

Related Articles

Временска прогноза