ЖЕНСКИОТ ФУДБАЛСКИ КЛУБ „Prestige Soccer Training“ ГОСТУВАШЕ ВО РАДОВИШ

Изминатите десетина дена  женската екипа „Prestige Soccer Training“ од САД гостуваше во Македонија, и во нашиот град каде што со ревијални пријателски натпревари беше промовиран женскиот фудбал.

Инаку  „Prestige Soccer Training“ е фудбалска академија која работи со над 600 деца и е во сопственост на Ненад Ѓоргиев по потекло од нашиот град Радовиш, кој живее и работи во САД од 2006 година. Нашиот добро познат Ненад има настапувано за ФК Плачковица и други клубови во Македонија.

Prestige Soccer Training од САД одигра пријателски натпревари со екипата на ЖФК Тиверија (во Радовиш и Струмица), потоа со ЖФК Кочани и FC Aris од Солун, организатори на овие натпревари беша општините каде што се играа натпреварите, а во нашиот град женскиот фудбалски клуб „Prestige Soccer Training“ беше гостин на нашата ФК Плачковица.

Фудбалерките вчера имаа прием од страна на Градоначалникот Конзулов, а исто така тие посетија и неколку општински основни училишта на кои ги пренесоа своите позитивни искуства од женскиот фудбал.

„Се надевам дека ќе понесете пријатни импресии од гостопримството на нашите сограѓани и дека вашето присуство ќе придонесе за подигањето на интересот кај младите девојчиња за атрактивноста на женскиот фудбал и за зголемувањето на навиките за водење на здрав живот“ истакна Градоначалникот Конзулов.

Погледнете повеќе

Повеќе информации