Prestige Soccer Training од САД гостува во Македонија
Перодот 21 до 30 мај женската екипа Prestige Soccer Training од САД ќе гостува во Македонија, каде што ќе се одиграат пријателски натпревари со екипата на ЖФК Тиверија од Струмица, ЖФК Кочани и FC Aris од Солун, а главна цел за овие натпревари е промоција на женскиот фудбал.
Пријателски натпревари во сениорска конкуренција ќе се одиграат на 24 мај со екипата на FC Aris од Солун, 25 мај во Радовиш против екипата на ЖФК Тиверија, 28 мај во Струмица против ЖФК Тиверија, 29 мај во Кочани против ЖФК Кочани.
Инаку Prestige Soccer Training е фудбалска академија која работи со над 600 деца и е во сопственост на Ненад Ѓоргиев по потекло од нашиот град Радовиш, кој живее и работи во САД од 2006 година. Нашиот добро познат Ненад има настапувано за ФК Плачковица и други клубови во Македонија.
Организатори на овие средби и натпревари се Општините Радовиш и Струмица, ФК Плачковица, ЖФК Тиверија и PST.
www.prestigesoccertraining.net