ЖИТЕЛИТЕ НА С. БУЧИМ ЗАСЛУЖУВААТ НОРМАЛЕН ЖИВОТ, ЧИСТА ВОДА ЗА ПИЕЊЕ

Кандидатот за Градоначалник од коалицијата „Обнова за Македонија“ Ацо Ристов имаше средба со жителите од село Бучим.

На средбата жителите од оваа населено место го информираа Ристов за проблемите со кои се соочуваат секојдневно, но и повеќедецениските кои секогаш остануваат нерешени.

Пред бучимци кандидатот за Градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ им вети дека со неговиот избор за Градоначалник ќе се сменат работите на подобро и дека нема да бидат заборавени, истакна дека на Радовиш му се потребни промени и нови проекти.

„Го посетивме населеното место Бучим. Овие трудољубиви луѓе кои опстануваат од земјоделството и сточарството се разочарани. Велат, на секои избори ни ги ветуваат истите работи но никако да ги остварат. Немат ниту едно ново вработување на младите лица. Добро ги ислушав сите нивни критики и ги запишав сите барања. Ове луѓе заслужуваат максимална поддршка и тоа им го ветив. Ќе работиме максимално да го вратиме нормалниот живот во Бучим. Со чиста вода за пиење, со редовно собирање н сметот, со нови зелени површини и со бесплатен интернет.“  Имаме тим и знаеме како да сработиме! – истакна Ацо Ристов, Кандидатот за Градоначалник на Општина Радовиш.

 


 

 

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


Погледнете повеќе

Повеќе информации