ЖИТЕЛИ ОД КОЏАЛИЈА И АЛИКОЧ НА СОСТАНОК ВО ОПШТИНА РАДОВИШ

Денес во просториите на општина Радовиш се одржа состанок на Градоначалникот Герасим Конзулов, Претседателот на Советот Коле Чаракчиев, советникот Енис Омер, и Секретарот во општина Радовиш Драги Стојанов со жителите на селата Аликоч и Коџалија на чело со претседателите на овие месни заедници.

На состанокот од страна на претседателите на месните заедници беа изнесени нивните видувања за се онаа што досега е направено во нивните села во областа на инфраструктурата, образованието, комунални проблеми и други потреби на граѓаните од страна на локалната самоуправа.

Заеднички беше констатирано дека досега се што е направено е согласно годишните програми на општината и потребите на населението. Жителите исто така ги истакнаа и проблемите со кои се соочуваат.

На состанокот присуствуваа и Градежниот инспектор, Комуналниот инспектор и Државниот инспектор за земјоделие кои што ги слушнаа забелешките и укажувањата за работењето, а од страна на надлежните служби им беше укажано дека сите мора да ги почитуваат и да се придржуваат на законската регулатива во делот на комуналиите, градењето и бесправно користењето на државното земјиште.

 


 

 

Погледнете повеќе

Повеќе информации