ЗАВРШИ ПОСТАВУВАЊЕТО НА НОВАТА УРБАНА ОПРЕМА ВО РАДОВИШ
Во Радовиш изминатите денови на повеќе локации од градот постави нови архитектонски елементи како клупи, столчиња, корпи за отпадоци, велопаркинзи, заштитни столбчиња и жардиниери.
Уникатниот дизајн се базира на естетиката на свиткан челик и природна комбинација со дрвени класични елементи, како површина за седење со кои се изработени три вида на клупи и столчиња.
Елеганцијата на перфорираниот челик најдобро го доловува карактерот на корпите за ситен отпад офарбани во доминантно жолта боја, мат графитно сива и темно зелени.
Иновативниот дизајн на велопаркингот овозможува на секој велосипедист слободно да го остава безбедно својот велосипед заклучен на челичната рамка.