ПРИКАЗНАТА ПРВА ЛИГА ЗА ФК ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА!

“Децата” на Победа му го зедоа скалпот на фаворитот од Радовиш оваа е насловот на прилепскиот портал кој го прикажува големиот бод – освоен во Радовиш против „фаворизираниот ФК Детонит Плачковица“.

Фудбалерите на ФК Детонит Плачковица во саботата надиграни во “тврдината“ „бастионот“ градскиот стадион Радовиш – не сaмо што не успеаа да победат против екипа која се бори за опстанок и која игра со голем број на младинци туку и со неколкуте шанси на гостите можеа да примат уште еден гол и претрпат пораз –  прилепчани поведоа со голот уште во 12-та минута од натпреварот, а нашите израмнија на 1:1 во 44-та, резултат кој се задржа до самиот крај.

 

После овој натпревар тренерот за еден портал изјавидека му е жал“ за недобиениот натпревар! – Баражот останува реална шанса! (моментално екипа на табелата во првата лига против кој би играл нашиот клуб е скопски ФК Вардар)…. па тука треба да се размисли дали веќе се остварливи амбициите за влез во првата лига.

 

(Слика ФК Победа)

После есенскиот дел каде што беше на втората позиција клубот, почетокот и текот на пролетниот продолжетокот на сезоната не е како што треба, спомнуваат гледачите кои беа на стадионот во саботата – Фк Детонит не освојува бодови против екипите кои се борат за опстанок и кои играат со младинци, уште првото коло во Неготино беа поразени од Вардар Неготино, потоа се изјави дека теренот не бил во ред…. минатото коло во Куманово претрпеа пораз од Башкими, претходно од Арсими, ремизираа против Беса, и единствен натпревар кој изиграа во светло издание беше против ФК Пелистер на градскиот стадион – кометираат нашите верни навивачи…

(1-лига-моментална табела)

Во саботата на трибините прашуваа навивачите колку наши фубалери играт за клубот и колку минутажа имаат во оваа сезона? Дали ние немаме деца и играчи кои можат да допринесат за овој клуб гледајки ги играчите кои се добро платени дека не го дават максимумот кој треба да го дадат за да ги обезбедат ТРИТЕ значајни бода кои беа потребни за тоа посакувано ВТОРО место – или предвреме сме откажани! – истакнаа љубителите на фудбалот и спортот кој секој натпревар се на градскиот стадион во Радовиш.

Да се надеваме на успех до крајот на сезоната за нашиот клуб, да не дозволиме и тоа трето место да го изгубиме, екипата на Арсими е со голема желба за таа позиција, и уште едниот натпревар во баражот да ја исполниме „желбата на радовишани да имат клуб кој ќе се натреварува во првата лига“.

Им посакуваме успех на фудбалерите!

Се друго носи одговорност.

Или се ќе остане само „ПРИКАЗНА“ за раскажување!

 



 


 

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови

 

Погледнете повеќе

Повеќе информации