ЗАДОЛЖИТЕЛНА РЕДАРСКА СЛУЖБА ТРЕБА ДА ОБЕЗБЕДАТ МАРКЕТИТЕ, БАНКИТЕ И ПОШТИТЕ

И  З  В  Е  С  Т  У  В  А  Њ  Е

Врз основа на т.3 од Извадокот од Нацрт-Записникот од Дваесет и шестиот состанок на Главниот координативен кризен штаб, одржан на 13 Април 2020 година, Штабот за заштита и спасување на општина Радовиш, на седницата одржана на ден 14.04.2020 година ги донесе следните заклучоци:

 

  1. Во рамките на мерките и актиностите за превенција на опасноста од појава и спречување на ширење на Коронавирусот, Општинскиот штаб за заштита и спасување во соработка со Министерството за внатрешни работи-ОВР Радовиш, во врска со престојните велигденски празници, ги известува маркетите, филијалите на банките и поштите, таму каде што нема обезбедено, веднаш, да обезбедат и организираат редарска служба, согласно препораките на Владата на Република Северна Македонија и Главниот координативен кризен штаб.

Министерството за внатрешни работи-ОВР Радовиш ке ги интензиира контролите на овие места.

 

  Општински штаб за заштита и спасување, Командант Герасим Конзулов

 

 



Погледнете повеќе

Повеќе информации