Претседателот на СДСМ Зоран Заев вчера во Радовиш оствари средба со граѓаните и со пензионерите и ги повика на 31 октомври обединети заедно да ја донесат победата, за најдоброто.Истакна дека Радовиш е социјалдемократски град, неколку изборни циклуси наназад бил единствен, сега повторно е единствен, а во единството била и победата, и силата, и успехот и среќата.
– Во изминатите четири години и на централно и на локално ниво сме воделе грижа за сите аспекти за граѓаните, отворивме илјадници работни места, невработеноста е падната на 15,9 отсто, платите растат во просек и минималната и просечните во просек за над 6.300 денари, над 100 евра, комплетно економијата е раздвижена, сите крупни прашања во државата се решени, рече Заев, додавајќи дека предизвикот во наредните 4 години е економија, економски стандард, работни места, опции за младите да ги бираат работните места.
Лидерот на СДСМ подвлече дека е многу е важно да се обединат сите, да пружат рака на сите, бидејќи како што рече „ние не сме си противници“.
На крајот нагласи дека народот секој пат знаел да ја одигра историската улога и овој пат ќе ја одиграл.
На средбата во Радовиш присуствуваше и кандидатот за градоначалник на Радовиш од СДСМ, Коле Чаркачиев.
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови