ЗАПОЧНА АСФАЛТИРАЊЕТО НА ПАТОТ ПОКРАЈ ЕЗЕРОТО МАНТОВО

Деновиве сме сведоци на активни градежни работи кои се изведуваат на патот покрај езерото Мантово, изведувачот на рехабилитацијата вчера до вечерните часови беше активен на терен и ги изведуваше работите.

Во рамки на проектот „Подобрување на пристапност и атрактивност на Сончева езерска населба Мантово и околината“ во тек е рехабилитација на патот до Брана Мантово  , со овој проект се подобрува пристапноста до туристичките атракции во Општина Конче.

Проектот за локална и регионална конкурентост се финансира од страна на Европската Унија и Владата на Македонија. Проектот го администрира Светска Банка, а се спроведува од страна на Кабинетот на Заменик Претседателот на Владата задолжен за економски прашањa и за координација со економските ресори.

Должината е 6.5 км, (Брана Мантово – село Габревци) а исто така е предвидено, мапирање и одбележување на две пешачки патеки од 3 км, осветлување на Влашките колиби, поставување урбана опрема во туристичката населба Мантово, поставување на инфо табли и патокази – информира Градоначалникот на општина Конче, Благој Илиев.

Конче со средствата кои се обезбедени за проектот има за цел да се подобри пристапот до викенд населбата Мантово, која станува атрактивна туристичка дестинација, со одличната местоположба и природата која ја има покрај езерото Мантово.

https://www.facebook.com/lrcp.mk/videos/2314270015347887/

 


 



 


 


 

 


 



 

Погледнете повеќе

Повеќе информации