• Репортажа
  • Услови за користење

ЗАПОЧНА ИЗГРАДБАТА НА РЕГИОНАЛНИОТ СТАЦИОНАР ЗА КУЧИЊАТА БЕЗДОМНИЦИ

Објектот е лоциран во близина на Пречистителната станица во Струмица, а неговата изградба чини 10 милиони денари. Средствата се обезбедени од Бирото за регионален развој, дел од општината, а инвеститор е Центарот за развој на Југоисточниот плански регион.

Според директорката на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, Жулиета Ѓуркова, стационарот е пример каде сите десет општини во планскиот регион се вклучија во решавањето на овој навистина горлив проблем на хуман начин.

Средставата за комплетно опремување во висина од два милиони денари се од УНДП за двата стационари во Струмица и Гевгелија. Во моментот се работи на подготовка на студија да се изнајде најдобриот модел, со  кои овие стационари ќе ги направи одржливи и ке се знае дали ќе бидат јавно приватно партнерство, како регионално претпријатие или ќе бидат во рамките на комуналните претпријатија, рече директорката Ѓуркова.

Во Стационарот во Струмица ќе има 40 боксови за кучиња, но не се планира подолго задржување на животните.

Инаку. тука ќе се згрижуваат кучиња скитници од општините Струмица, Радовиш, Босилово, Ново Село, Василево и Конче.

 





 

Related Articles

Временска прогноза