Започна обуката за новиот дигитален систем за мониторинг на енергијата во рамките на проектот „Енергетски ефикасен регион“

На 14 и 15-ти октомври се одржа првиот дел од обуката за дигиталниот систем за следење на состојбата на електричната енергија, развиен во рамките на проектот „Енергетски ефикасен регион“. Претставници од општините Радовиш, Василево и Конче имаа можност да се запознаат со новиот софтвер кој овозможува современо управување со електричната енергија произведена од сончеви колектори преку мониторинг и регулација на нејзината потрошувачка и трансфер.

Системот ќе врши мерење на клучни параметри како производство во киловат часови, испорачана и потрошена енергија, просечно производство и потрошувачка, врвови на производство, загуби на електрична енергија и многу повеќе. Покрај тоа, системот ќе биде опремен со сензори за детектирање на дефекти и известување за неправилности, што ќе овозможи навремено идентификување и решавање на проблемите.


 

 

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови

Погледнете повеќе

Повеќе информации