Матурантите кои не ја положија државната матура во јуни денеска (12 август) ќе го полагаат првиот, задолжителен екстерен испит – мајчин јазик и литература. На 14 август (четврток), пак, е полагањето на вториот, изборен екстерен испит од државната матура во августовската испитна сесија.
Според податоците на Државниот испитен центар (ДИЦ), за двата испитни дена вкупно се пријавени 1118 ученици.
Според видот на образование, од гимназиско ќе полагаат 265 ученици, средно стручно – 835 и 18 матуранти од средно уметничко образование. Испитите во августовскиот рок кандидатите ќе ги полагаат во простории на факултетите.
МОН и ДИЦ минатата недела ги соопштија резултатите од спроведената државна матура во јуни кои се подобри од минатата учебна година.
Посечната оценка на успехот од полагањето на двата екстерни испита во јунската сесија е 3.69 и е повисок од минатата година кога средната оценка беше 3.26. Поголем успех е забележан кај мајчините јазици и кај други предмети, а особено по математика за кој средната оценка е 4.14.
*фото Архива


