Нашите земјоделци од Општина Конче и Општина Радовиш започнаа со засадување на првите количини со тутун, нека е аирлија сезоната 2025, нека донесе бериќет и благосостојба кај нашите вредни земјоделци – информираше Градоначалнкот на Општина Конче Златко Ристов
Министерот Цветан Трипуновски информираше дека за 60% е зголемен откупот на тутун за оваа реколта во споредба со минатата. За реколтата 2024/2025 се откупени 24.321.802,91 килограм тутун наспроти за периодот 2023/2024 кога се откупило само 14.763.596,06 килограми.
Вредноста на износот на откупот за оваа реколта е зголемен за околу 4,5 милијарди денари.