ПРОЕКТОТ ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ ВО ООУ„ОРЦЕ НИКОЛОВ“ ИЊЕВО, ЗАПОЧНА ДА СЕ РЕАЛИЗИРА

Градежните активности веќе започнаа со кој ќе се подобри енергетската ефикасност на зградата на  училиштето „Орце Николов“ во Ињево, а е дел од проектот „3Еm“ финансиран од програмата за прекугранична соработка со Грција.

Целосно функционален систем за енергетска ефикасност во основното училиште е вклучен во овој проект со имплементирање на нов систем за греење, нова термофасада со нови врати и прозорци како и реконструкција на дел од кровната конструкција.

Финансиите од ЕУ се преку “ИПА фондовите”, а вкупниот буџет на проектот изнесува 1.419.375.80 евра, додека вкупниот буџет на Општина Радовиш како партнер, изнесува 288.520.00 евра.

Информираат од Општина Радовиш




 


 


 



 

Погледнете повеќе

Повеќе информации