ЈП „Плаваја“, и општина Радовиш долгорочно го решава проблемот со обележувањето на хоризонталната сигнализација.
Набавена е нова професионална машина за бележење, која ќе се користи исклучиво за сообраќајните површини во градот и населените места, вклучувајќи ги пешачките премини, испреќинати и стоп линии, паркинг местата и сл.
Нашата заедничка цел е подобрување на сигурноста во сообраќајот во нашата општина и воопшто на квалитетот на живот.
Информираат од Општина Радовиш.
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови