Првпат Велигденски пост или пост за Велигден се спомнува на крајот од II век. Тој траел само три дена, вели свети Иринеј Лионски (+202г.) и сите го постеле. Така се постело во III век, во „спомен на Христовите страдања“, вели и Тертулијан (+220г.).
Кон крајот на III век, во Сирија се спомнува Велигденски пост којшто траел една седмица.
А во средината на IV век, веќе се спомнува Велигденски пост од 40 дена. За тоа пишува историчарот Евсевиј Кесариски (+340г.) и свети Атанасиј Велики (+373г.) во Велигденските посланија.
Дури во V век е оформен сегашниов Велигденски пост – Велика Четириесетница.
Од понеделник 3 март почнува постот за Велигден. Тој трае седум недели и завршуваат еден ден пред Велигден.
Велигденскиот пост опфаќа 7 недели, односно 7 седмици. Трае 48 дена, од Прочка до Велигден. Тогаш, зошто се нарекува Четириесетница? Затоа што по 40 дена од постот, продолжува последната седмица пред Велигден, дополнителен строг пост, поради деновите на предавството, страдањата, распнувањето на крстот и погребението на Господа Исуса Христа. Таа се нарекува Страдална или Страстна седмица.
40-дневното воздржување го симболизира времето што Христос кое го поминува во пустината во подготовка за својата жртва. Затоа, се верува дека со лишување од благословената храна се прочистува неговото тело и душа. Постот не треба да се сфаќа како механичко лишување од одредена храна и пијалоци.
Големата стабилност е време за размислување, за значаен живот, преиспитување на она што е направено.
Време е да се покае човек за своите зли дела, да бараш нов пат до возвишеното и за себе.
