Завршено обележувањето на паркинг местото во Радовиш кое е наменето исклучиво за електрични возила кои се полнат. Овде може да паркира и да се задржи само возило што е приклучено на полнач.
Со почитување на ова правило им овозможуваме на возачите на електрични возила да ја користат потребната инфраструктура и придонесуваме кон почиста животна средина.


