ПОЧУВСТВУВАН ЗЕМЈОТРЕС ВО ПОВЕЌЕ ГРАДОВИ ВО МАКЕДОНИЈА

Синоќа, поточно во 20 часот и 56 минути се регистрирше земјотрес, чиј епицентар се наоѓа 40 km западно од Скопје, во подрачјето на Гостивар.

Овие потреси беа регистрирани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопјe, и сеизмолошките мрежни станици во Валандово, Охрид, Штип и Пехчево

Неговата Рихтерова магнитуда изнесувала 3.2 според рихтер.

Според податоците земјотресот беше почувствуван од населението во Тетово, Гостивар и околината со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала, додека во Скопје, Неготино земјотресот беше почувствуван со интензитет од III степени според истата скала.

 




 





 



 



 





 

Погледнете повеќе

Повеќе информации