Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија одржа прес-конференција на која беа соопштени одлуките на Извршиот и на Централниот одбор во врска со претстојните локални избори.
„На вечерашната седница на Извршниот одбор, а потоа и на Централниот одбор, беа донесени значајни одлуки во врска со претстојните локални избори и тоа: Движењето ЗНАМ за Наша Македонија ќе настапи самостојно на претстојните локални избори со свои листи за советници во повеќе од 50 општини. Централниот одбор ја усвои одлуката за взаемна соработка и поддршка со ВМРО-ДПМНЕ во делот на кандидатите за градоначалници.
Оваа одлука значи дека ВМРО ДПМНЕ ќе ги поддржи кандидатите на ЗНАМ и во тие опшптини нема да имаат свој кандидат за градоначалник, а од дргуа страна Движењето ЗНАМ ќе ги поддржи кандидатите за градоначалници на ВМРО ДПМНЕ во сите општини, вклучувајќи го и градот Скопје, каде што
ЗНАМ нема да има свој кандидат за градоначалник.
За кандидат за градоначалник на Општина Куманово едногласно е избран: Максим Димитриевски, актуелен градоначалник на општина Куманово.
За кандидат за градоначалник на Општина Центар едногласно е избран: Мирослав Лабудовиќ претседател на Градската организација Скопје на Движењето ЗНАМ и актуелен Заменик-министер за енергетика, рударство и минерални суровини“.
Никола Мемов нагласи дека на овие локални избори, Движењето ЗНАМ нуди кандидати со искуство и докажани резултати, стручни луѓе со интегритет и визија.
„Нашите кандидати не се само имиња на изборен плакат – тие се личности кои имаат пред се чист образ, јасен план и визија да донесат вистински промени во своите општини, достојни на довербата што ќе ја добијат.
Ние веќе докажавме преку нашето учество во Владата дека знаеме да раководиме со институции на независен и ефикасен начин, со еден и единствен приоритет – интересот на граѓаните и националните интереси на Македонија.
Нашите советници и градоначалници ќе се погрижат секоја општина да стане подобро место за живеење – со современа инфраструктура, квалитетно образование, силна социјална заштита, поддршка за културата и спортот и нова енергија за локалниот развој – истакна Мемов.

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови




