ИЗБИРАЧКИОТ СПИСОК КОНЕЧЕН ВО СРЕДА

Среда се затвара избирачкиот список и во него ќе бидат нешто повеќе од 1.814.000 граѓани, изјави денес претседателот на Државната изборна комисија, Оливер Деркоски.

Бројката на гласачи ќе се знае в среда, а потоа списокот ќе се генерира и ќе биде предаден на печатење, рече Деркоски, и додаде дека избирачкиот список континуирано се чисти и затоа има „високо ниво на прочистеност“, па не треба да има загриженост околу тоа прашање.

Скоро цела недела членовите ДИК правеше проверка на сите избирачки места, а голем број од нив ќе се дислоцираат за изборите на 15 јули за да се задоволат критериумите за заштита од коронавирусот.

 

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови за користење

 

Погледнете повеќе

Повеќе информации