Денеска дел од раководството на МВР, Министерот Оливер Спасовски и Градоначалникот на Општина Радовиш, Ацо Ристов, извршија увид во 73. реконструиран објект – ОВР Радовиш.
Министерот Спасовски оствари средба со раководството на оваа организациона единица и на СВР Струмица, при што се констатираше дека безбедносната состојба на подрачјето на ОВР Радовиш за 2021 година е исклучително поволна, како во делот на криминалитетот така и во делот на јавниот ред и мир и сообраќајот.
Во поглед на завршените градежни и градежно–занаетчиски работи на објектот на ОВР Радовиш, коишто беа започнати кон средината на септември минатата година, со оглед на временските услови и обемноста на комплетните активности, навремено и квалитетно се извршени, за што издвоивме околу 29.220.000 денари од Буџетот на МВР, а притоа се водевме од политиката на Владата во насока на грижа за енергетската ефикасност, со цел намалување на загадувањето и зачувување на здрава животна средина, а поставена е и пристапна рампа за лицата со попреченост – информираше Министерот Оливер Спасовски.
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови