Обезбедување на нови работни места и вработување на граѓаните – обезбедување на инфраструктура за сите потенцијални инвеститори, како и деблокирање на сите блокирани локации од постојани индустриски објекти се дел од целите во проектот „Развиена индустрија-Развиен град“.
Исто така ќе спроведуваме едукација и прекфалификација на занимања за потребите на индустрија и воведување на работна пракса за сите средношколци.
Вашиот глас почитувани сограѓани го трасираше новиот пат по кој Радовиш и сите Ние ќе се движиме во иднина. Тоа е патот на просперитетот, изградба на објекти за вработување, инфраструктура, културно-забавен живот, спорт и рекреација.
Радовишани и правото да сами одлучуваат за својата иднина. Со давањето на Вашиот глас на 31 октомври не задолжувате сите Нас избраните советници и мене лично, да ја продолжиме борбата, и со пожртвувана и несебична работа ги исполниме Вашите очекувања – информираше за проектите од програмата кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Ацо Ристов.
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови