ИНЦИДЕНТ ПРЕД СУДОТ ВО РАДОВИШ – десет лица физички се пресметале

Инцидент се случил вчера пред Основниот суд во Радовиш – информираше МВР.

На 15.06.2020 во 09.20 часот било пријавено дека пред Основен суд во Радовиш бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.И.(23), А.И.(29), А.И.(44), Р.И.(42) и Е.Ј.(48), од една страна и А.Ш.(22), Н.Н.(41), Е.Н.(28), И.Н.(66) и У.Н.(17), од друга страна, сите од Радовиш.

По целосно документирање на случајот, против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.

Информираат од МВР


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате

согласност на нaведените Услови за користење.


 

Погледнете повеќе

Повеќе информации