• Услови за користење

И ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ НЕ ОЧЕКУВА СТУДЕНО И ВЕТРОВИТО, СО СНЕГ НА ОДРЕДЕНИ МЕСТА

Времето во Радовиш денеска беше облачно, студено и ветровито, со повремени врнежи од снег на планината со слаб до умерен интензитет, со засилен северен ветер што услови значителен пад на температурата.

Дневната температура и во наредните денови ќе се движи од 2 до 11 Целзиусови степени.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони. На осојничавите места коловозите се наместа влажни, па поради ниските температури карактеристични за вечерните и утрински часови постои можност и од појава на голомразица.

РАБОТИ НА ПАТ:

Од 21.05.2018 година започна изградбата на Експрес пат А4, Штип- Радовиш, на следниот потег: клучка Штип југ (Софилари)- Бучим (км 5+000 до км 28+560) согласно Договор бр. 001-ЕБРД/17.

 

 

 

 





 

 

 

 

Related Articles

Временска прогноза