• Услови за користење

КАДЕТИТЕ НА РК РАДОВИШ СО ТРЕТА ПО РЕД ПОБЕДА!

Најмладите ракометари на РК Радовиш трета во низа победа! Во Кавадарци совладан ГРК Тиквеш.

ГРК ТИКВЕШ – РК РАДОВИШ (кадети) 19-37

Со оваа победа нашите кадети ја завршуваат успешната полусезона во Кадетското првенство.

Младинската екипа на РК Радовиш викендов што претстои го игра последниот натпревар од оваа полусезона, во Радовиш им гостуваат ракометарите на РК Еурофарм.

Пионерската екипа на РК Радовиш викендот исто така е домаќин во второто коло на РК Астраион од Струмица во Пионерската лига (Југоисток), минатото коло нашите пионери беа успешни и се вратија со победа и три бода од Виница.


Во саботата сениорската екипа на РК Радовиш, на домашен терен беше совладана од РК Охрид кој е претендент и се бори за висок пласман на табелата.

РК РАДОВИШ – РК ОХРИД 22-29




 


 


 



Related Articles

Временска прогноза