Балетското студио „Газели“ од Радовиш со маската „Танцот на Кабаутерите”, учествуваа на Меѓународниот летен карневал во Брач, Хрватска.
На овој карневал учествуваше и карневалската група „Кико Стил” со маските „Златните потковици” и „Белите Соколи”, ООУ „Маршал Тито”-Струмица со маската „На бишка џнгрлак”
Од 13 до 18 овој месец, овие две карневалски групи настапија во местата Бол, Супетар, Сутиван, Сумартин и Милна пред домашната публика и голем број туристи.
Во Бол карневалисти продаваа наши традиционални производи, а собраните парични средства ги наменија хуманитарно за поддршка на локалната заедница, гест што беше посебно поздравен од домаќините.