Центар за култура „Ацо Караманов„ Радовиш и Советот на 48 Караманови средби го распишаа Конкурсот за најдобра необјавена поетска книга и доделување на наградата „Караманов 2021″.
Конкурсот трае до 10 Ноември 2021 година, а може да учествуваат автори од Македонија и од останатите балкански земји што пишуваат на македонски јазик.
Ракописите не треба да бидат подолги од 64 страници или четири табаци, а се бара да бидат доставени под шифра на адреса ОУ Центар за култура „Ацо Караманов“ – Радовиш, ул. „22 Октомври“ б.б.Радовиш.
Ракописите може да се доставуваат и во електронска форма потпишани со шифра, а со посебен маил да дадат и одговор на шифрата на адреса [email protected]
На наградениот автор за награда ќе му биде објавeна книга со неговиот награден ракопис и ќе добие статуетка која го преставува Ацо Караманов.
Линкот од објавениот конкурс за најдобра необјавена поетска книга „Караманов 2021“
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови