Нашиот клуб ФК Детонит Плачковица вчера триумфираше против косовски Феризај со 1-0 на пријателскиот натпревар кој се одигра во Дојран.
Детонит Плачковица мечот го започна во следниот состав: Ѓоргиев, Бабунски, Радевски, Велиновски, Димовски, Јусуф, Стојов, Настевски, Коцев, Смилков и Димовски, а уште играа и С. Јанев, Алексовски, Г. Јанев, Мирчевски, Ќазимов, Антонов, Василев и Тодоров. Новиот тренерот Варадиновски со сите расположиви сили им даде шанса на сите.
Стрелец на голот беше Аделин Ќазимов, а ФК Детонит Плачковица ќе одигра уште контролни натпреаври следниот ќе биде против Кожуф на 28. јануари, потоа следува тестот со прволигашот Тиквеш на 4. февруари, на 8. февруари е контролката со Сремска Митровица, а за 12. февруари е закажана „генералката“ со Академија Пандев.
*фото Архива
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови