• Конче
  • Услови за користење

КОНЧЕ: ОБЕЗБЕДЕНИ ДВА НОВИ МИНИБУСА ПРЕКУ ПРОЕКТОТ „ПРЕВОЗ ЗА СЕКОЕ ДЕТЕ“

На општина Конче се испорачани двата нови минибуси, преку проектот „Превоз за секое дете“ кои ќе им овозможат безбеден превоз во најдобри и најсовремени услови сите ученици кои секој патуваат секојдневно од подрачните села до централното основно училиште „Гоце Делчев“ во Конче. 

Продолжуваме да вложуваме во нашата иднина, а тоа се децата и младите на кои мора да им ги обезбедиме најдобрите услови како во школувањето така и во спортот и во културата – истакна Градоначалникот Илиев.

Со заштедите што ќе се направат, од средствата за училишниот превоз, ќе бидат исплатени минибуса кои се ,,Фиат Дукато’’ , и се планира да останат во трајна сопственост на ЈП „Лакавица“. Исто така е предвидено овие возила кои ќе се во сопственост на општината да имат мултифункционална намена, за користење при други културни и спортски манифестации, настани и превоз за било какви патувања.

 






 






 

 



 




Related Articles

Временска прогноза