Риболовците од Риболовниот клуб Крап од Радовиш изминатите викенди учествуваа на повеќе Куп-натпревари во спортски риболов во Македонија и Србија.
Вчера во Ниш, Србија на традиционалниот Куп натпревар „Наис“ Ниш, кој е од меѓународен карактер го освоија третото место во екипна конкуренција, и дополнителни позиции трето место во сектор освои Драган Атанасовски, а Горан Цуцулоски беше втор во неговиот сектор.
Овој успех на риболовниот клуб Крап од Радовиш беше увертира за крајот на натпреварувачката сезона за оваа година, претходниот викенд на „Skopje urban fishing Weekend„ традиционалниот Интернационален Куп „Петре Прличко“ кој се одржа во Градски парк на езерце во Скопје го освоија високото второ место во екипта конкуренција кој беше дел од прославата Јубилеј „90 години“ Зср Вардар Скопје.
Сррк Крап учествуваше и на традиционалниот Куп натпревар „Мак Дам“ Куманово кој се одржа во Саботата на Липковското езеро, а изминатиот викенд учестуваше на Купот „Мрена“ во Крива Паланка, кој беше одржан на езерото Отошница кај Ранковце, учествуваа и на Куп натрпеварите во Велес, кои беа организирани од „Кркушка“ и „Бабуна“.
Риболовниот клуб од Радовиш е екипа која се натпреварува во Првата македонска риболовна лига во дисциплината „Пливка“, оваа година домаќин Сррк Крап беше на националниот Куп на Македонија, Купот „Илинден“ кој е во организација на МРФ, а во Радовиш, поточно на Езерото Мантово после 20 години, беше организиран повторно официјален натпревар во спортски риболов.
Сррк Крап оваа година славеше „Јубилеј – 10 години“ од неговото формирање, каде што на традицоналниот Куп натпревар учествуваа 14 екипи од Македонија и Србија.
Сррк Крап е единстена екипа во Македонија и веруваме во Радовиш која се труди да организира свој општински натпревар, овој општински натпревар се организира секоја година на почетокот на месец Мај.