Синоќа беше крајниот рок за поднесување до Државната изборна комисија (ДИК) на кандидатски листи за предвремените парламентарни избори на 12 април.
Листи поднесоа СДСМ и Беса, коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, Левица, Интегра, СДУ, Работничката партија, ГДУ, Глас за Македонија, партијата Демократи, новата партија Твоја, коалицијата Никогаш Северна само Македонија…
ДИК денеска ќе ги соопшти коалициите и партии поднеле кандидатски листи и за колку изборни единици, како и дали и како ќе се организира гласање во дијаспората.
Редоследот на листите на партиите и коалициите на избирачкото ливче се утврдува со ждрепка и тој број е ист во сите изборни единици. Жрепката треба да се одржи најдоцна до 20 март, а листите треба да бидат официјално објавени на 21 март.
Изборната кампања започнува на 23 март, а завршува на 10 април на полноќ.