Поднесена кривична пријава против Д.М.(25), П.С.(37), В.Р.(35), К.Р.(43), В.Р.(36) и З.С.(33), сите од село Баница, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „пустошење шума“ и „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“.
Пријавените на 14.04.2019 година, на место викано „Краста“, оштетиле, исекле и одзеле 284 дабови стебла, со вкупнa бруто дрвна маса од 37,17 метри кубни огревно дрво, во вредност од 260.090 денари на штета на В.Р. од с.Горни Липовиќ.
Синот на оштетената, заедно со уште неколку лица од село Горни Липовиќ ги затекнале пријавените како сечат дрва и ги товарат на запрежни возила, се обиделе да ги спречат, по што пријавените ги нападнале.